Tag Archives: суд

Не сум знаел: Судот да ти бил безгрешен – исто како Господ!

my court is you court is my court

Судијата Иван Џолев смета дека судовите се над законот и дека тие не можат да бидат генератор на дискриминација („Судот утврдува дискриминација кон некого, а не генерира“). Небаре судовите се безгрешни (како Господ). И дека Комисијата за заштита од дискриминација нема надлежност врз судот, дури и ако тој дискриминира.

Тоа да ти било „мешање во судската власт“, па дури и додава дека Собранието не можело „да утврдува дискриминација од судија“. Ма немој. Тоа што Комисијата ќе одлучува и донесе одлука (каква и да е) нема врска со судењата, судските одлуки, итн., туку таа се однесува само на тоа дали имало или немало дискриминација. И оној кој евентуално ја извршил, ако така се утврди, ќе си ги сноси последиците според казнените одредби на Законот за заштита од дискриминација. А, после, судот нека суди и донесува одлуки во судските процеси како што мисли дека треба.

Џолев вели дека во ваков случај требало да се напише претставка до Судот по која Судот сам ќе си одлучел. Абе чекај малце! Како да се напишела претставка, па нели судот не генерира дискриминација? Ако велиш дека треба да се напише претставка, тоа значи дека Судот, сепак, може да генерира дискриминација. Настрана што ова е глупост. Како прво, ова личи како варијација на изреката „Кадија те тужи, кадија те суди“ изменета во „Кадија си се брани, кадија си се суди.“ А, како второ, Судот не може да одлучува за нешто за што има посебен орган со закон создаден токму за таа намена, за такви конкретни жалби и одлуки. Џолев треба да го прочита Законот и тоа особено, глава 4, член 16, каде што јасно се вели дека „овој закон се применува на постапувањето на сите државни органи, органите на единиците на локалната самоуправа, органите со јавни овластувања и постапувањето на сите правни и физички лица во областа на:“ и точка 4 вели „правосудството и управата.

Судијата Иван Џолев може да мисли што сака, арно ама ни Судот, како и никој друг, не е над законите. А, не е дека во судството нема тренд на самоприпишување на божествени и безгрешни карактеристики. Така, на пример судиите им припишуваат божествени карактеристики на безгрешност на своите колеги обвинители. Во периодот од 2012 до 2016 година, сите обвинителски барања за притвор (над 2.000) се одобрени, при што само 3 се преиначени во домашен притвор (што е повторно – притвор). Значи, повторно, како обвинителите да се безгрешни. Мислам дека со оваа политика на самонаметната безгрешност треба да се престане. И тоа веднаш!

Напомена: Ова е принципиелно мислење. Инаку, конкретниов, актуелен случај е сосема друга работа. Станува збор за состав и претседател на Комисијата, Александар Даштевски (кого многу добро го знаеме), кои имаат донесено одлука во корист на нивната партиска пријателка, Гордана Јанкуловска, која беше министер и висок партиски функционер на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, која, пак, ја именуваше целата комисија. И јасно е дека ова е услуга од типот „танте за кукурику“ да и се помогне на Јанкуловска во текот на нејзиниот судски процес на секој можен начин. И најверојатно во конкретниов случај и нема никаква дискрмининација, туку станува збор за исполитизирана одлука во манир на поранешниот режим на Никола Груевски, чии рецидиви, кои се уште имаат некаква моќ, ја практикуваат на коруптивен начин, онака како што многу добро знаат и како што се извежбани цели 11 години. И како што тоа го правеше оваа Комисија, додека ВМРО-ДПМНЕ беше на власт, со редица контроверзни и неаргументирани одлуки. Арно ама, тоа не значи дека Судот може себеси да си се постави над законите во сите случаи, за него да не важат демократските контролни механизми, тој да не биде еднаков пред законите и да си припишува себеси божествени карактеристики на безгрешност.

Tagged ,

Изборите се решение за излез од кризата! Аха, сигурно!

8654457969_c8c4b827cf_k

 

Не сум знаел дека со избори се решаваат следниве проблеми:

  1. Откривање на виновниците за заглавените лифтови во населба Капиштец на локалните избори во 2013 година;
  2. Откривање на виновниците за незаконските лични карти на гласачите од Пустец, нивното внесување во домицилниот дел од избирачкиот список и нивното гласање во Скопје Центар, Кичево и на други места;
  3. Откривање кој е виновникот кој незаконски печател и делел лични карти за гласање во хотелот карши Македонската амбасада во Тирана;
  4. Откривање на виновникот кој направил 300 лични карти за нивна употреба во Струмица, како што јасно се слуша на лентите со прислушуваните разговори;
  5. Откривање на виновникот кој во Шуто Оризари ги внесе починатите после 2011 година во избирачкиот список и овозможи други лица да гласаат наместо нив (за кој во лентите од прислушуваните разговори Миле Јанакиески вели дека е Бајрам Амди);
  6. Откривање на виновникот кој со авиони носеше иселеници од странство за да гласаат во Македонија (имале ли тие луѓе легално издадени лични карти со адреси на територијата на РМ, гласале ли на гласачките места според адресите на нивните лични карти и со кои пари им е платен авионскиот транспорт);
  7. Откривање на виновниците за купиштата фалсификувани двојни или тројни лични карти наменети за гласање (за што друго?);
  8. Разрешување на спорот и казнување на судиите во Управниот суд, кои изгласаа дека изборите во Општина Центар биле сосема легални и покрај гласачите од Пустец, кои гласаа со нелегални лични карти;
  9. Резрешување на изборните криминали во Општина Чаир;
  10. Разрешување на прашањето со осомничените членови на Државната изборна комисија каде против 4 членови на ДИК се води постапка;
  11. Итн, итн.

Што врска има откривањето на сите овие изборни криминали со одржување на изборите и како овие криминали би се разрешиле со одржување на избори. А, од друга страна, разрешувањето на овие криминали е многу важно за одржување на кредибилни избори – зашто инаку

  • немаме никакви гаранции дека истите или слични изборни криминали нема да се повторат на било кои следни избори;
  • немаме никакви гаранции дека криминалците кои ги извршиле, а кои сосема сигурно се партиски луѓе од високи ешалони, нема да се кандидраат и нема да победат, што значи дека постои опасност да бидеме водени од криминалци.

Затоа, изборите немаат никаква врска со разрешување на кризата. За жал, во актуелнава ситуација само судовите можат да помогнат кризата да се разреши на начин што криминалците ќе ги стават во затвор и ќе им оневозможат повторно да фалсификуваат избори и да се кандидираат. Дури после, откако криминалците ќе завршат во затвор, може да се оди на избори.

Tagged , , , , , ,

Зошто СЈО едноставно не се откаже од “Пуч”?

27540104855_107489ac73_k

Раскрстете со „Пуч“ и свртете му грб!

 

Случајот “Пуч” се претвора во апсурд. А, се претвора во апсурд зашто е замислен како обична местенка преполна со измислици. Арно ама, со основањето на специјалното јавно обвинителство местенката се закочи и нема како да се откочи. Освен ако СЈО едноставно не го повлече обвинението. Тоа и треба да го направи и тоа што побрзо.

 

Како прво, обвинителниот акт за “Пуч” воопшто и не е изработен од СЈО, туку од ОЈО. Потоа, СЈО ниту има направено распит на обвинетите и сведоците, зашто тие даваа изјави пред ОЈО. СЈО нема слободен пристап до доказите и може многу лесно да биде наместено во текот на судењето. Да почне да се повикува на класифицираните докази и да биде обвинето дека измислува, зашто во меѓувреме судот и ОЈО можат да ги изменат доказите и СЈО да нема начин да докаже дека такво нешто е направено, зашто нема никаква копија до нив.

Настрана фактот што целото обвинение е смешно. Тоа сака да не убеди дека во ДБК некојси Костовски и некојси Лазаревски прислушувале 5 години по ред и тоа секој месец, секоја недела, секој ден и снимиле стотици илјади разговори, односно неколку стотини дневно – И НИКОЈ ЖИВ ВО ЦЕЛА ДБК НИТ ГИ ВИДЕЛ, НИТ ГИ ЗАБЕЛЕЖАЛ, НИТ ГИ ПРАШАЛ ШТО ПРАВАТ.

И уште неколку глупости. Испаѓа дека штом Мијалков и началникот на 5-тата управа во ДБК, Горан Грујоски, ја донеле опремата за прислушување Костовски и Лазаревски им ја зеле и 5 години никој не ги прашал што прават со неа. Потоа, испаѓа дека Костовски и Лазаревски на своја рака отишле во Т-Мобиле и добиле без проблем пристап до мобилниот сообраќај во земјава без никој да ги праша било што или да се посомнева. И тоа во ситуација кога директорот на Т-Мобиле е кумашин на Мијалков. Исто така, испаѓа дека илјадниците телефонски броеви кои биле прислушувани, Костовски и Лазаревски ги нашле сами и тоа во тајност без никој да ги открие. Сето ова е смешно. Како што е смешно пуштањето од притвор на обвинетите во случајот, од кои барем тројца се обвинети за шпоинажа. Никаде во светот обвинети за шпоинажа не се пуштаат од притвор, зашто се знае дека нивните странски шефови веднаш ќе ги извадат од земјата. Со самото тоа што и Верушевски, и неговата сопруга се уште во Македонија и на ниедна странска служба не и е грижа за нив кажува дека немало никаква шпионажа.

Настрана што, како што Верушевски рече пред Кривичниот совет, обвинението ништо не кажува како сето ова почнало, иако во пресудата за Костовски се натрескани куп глупости во кои нема ништо конкретно, па дури ни името и земјата на тајната служба. Испаѓа дека Костовски знаел дека шпионира за странска служба, ама не знаел за која. Настрана фактот, што, според зборовите на Заев, во папката за случајот на Костовски немало апсолутно никакви докази, туку само еден исечок од текст во „Њујорк Тајмс”. Од толку многу истрескани глупости во пресудата и од толку многи предмети најдени во неговиот стан, барем според пишувањето на Куртон Прес, во папката за неговиот предмет нема никави докази, а ни јавноста после судењето не беше запозната со нив. Зошто ОЈО не би излегол на прес конференција и не би и ги покажал доказите на јавноста откако судењето заврши кога веќе има правослина пресуда?

Сето ова, како и уште цел куп други бесмислици јасно покажуваат дека “Пуч” е полициско- обвинителска измислица и местенка, која ОЈО и судот сакаа сами да си ја спроведат во дело и тоа што подалеку од очите на јавноста, како и редица други наместени случаи во изминативе 10 години. „Пуч“ не може да има разрешница соодветна на здравиот разум и затоа СЈО треба да стави крај на овој предмет. Да, пропагандистите ќе свриштат на цел глас дека тоа е уште еден „доказ“ за поврзаноста меѓу СЈО и СДСМ, како и дека таквиот потег покажува оти Катица Јанева работи по директива на Заев, но тие тоа и онака веќе го прават и без никаква причина. Од друга страна, пак, продолжувањето на случајот може да го доведе СЈО да се знаимава со апсурди и да гони по обвинение во кое не верува и кое е комплетна измислица. Тоа е рецепт за катастрофа, можност судењето и целиот случај да отидат во несакана насока, особено кога пред себе се има непријателски настроен суд, можност пропагандата да наметнува нови и нови измислици и притисоци и, што е најважно, целата истрага околу тоа кој стои зад прислушувањето да продолжи да се движи во погрешна насока и се подалеку од вистинските виновници. Затоа на „Пуч“ треба да му се стави крај. Што побрзо, тоа подобро.

 

Tagged , , , , , , , , ,

Swarovski судството си влезе во уста!

Miranda-Kerr-Swarovski-Christmas-Jewelry-crop-sud-kolaz-final

Oсновниот суд Скопје 1 од СЈО бара да достави „докази на кои се базира основаноста на сомнението на начин што ќе биде образложено дали кривичните дела произлегуваат од КОНКРЕТНА СОДРЖИНА НА НЕЗАКОНСКОТО СЛЕДЕЊЕ НА КОМУНИКАЦИИ, за кој период, КАКО И ДА ЈА ПРЕЗЕНТИРААТ СОДРЖИНАТА како би се утврдило дали предлогот за определување мерка притвор и предлогот за определување мерки за претпазливост се поднесени од овластен тужител.“

Или со нормален македонски јазик кажано, без намерно збунувачката, изместувачка квазиправничка терминологија употребена од судот овде, а се со цел да се замаглат нештата и да се сврти вниманието на јавноста од истрагата кон измислени и незаконски техникалии со кои се гази правдата, судот бара доказ кој би се состоел од прислушуван разговор(и), а кој би покажал дека сомнението навистина потекнува од таков конкретен прислушуван разговор за СЈО да може воопшто да се јави како тужител, односно да покаже дека има право да бара мерки на претпазливост и притвори. Со ова, се разбира, непријателски настроениот суд кон СЈО, го доведува во прашање мандатот на СЈО и воопшто правото на СЈО да постапува по објавените истраги. А, судот за себе си отвора врата и можност, која истрага на СЈО и да сака, да ја поништи и да ја прогласи за неважечка со образложение дека за неа СЈО нема мандат за постапување и на тој начин да ги поништи оние истраги за кои СЈО има најцврсти докази.

Арно ама, проблемот е што ова е апсурд. СЈО не може да достави „доказ“ „конкретна содржина на незаконското следење на комуникациите“, ниту пак „да ја презентира таквата содржина“ како „доказ“ пред судот, зашто истиот овој суд, кој сега бара да му се достават прислушувани разговори кои тој би ги ТРЕТИРАЛ КАКО ДОКАЗ, истите тие прислушувани разговори ГИ ПРОГЛАСИ КАКО НЕЗАКОНСКИ и рече дека НЕ МОЖАТ ДА СЕ КОРИСТАТ КАКО ДОКАЗИ ВО ПОСТАПКАТА.

И како може сега нешто што е забрането од страна на судот да се третира како доказ, истиот тој суд да бара токму тоа да му се достави како доказ, да му се презентира како доказ и тоа токму во самата постапка. КОГА ТАКВА РАБОТА САМИОТ СУД ЗАБРАНИЛ! И СУДОТ СЕГА ОДИ ПРТИВ СОПСТВЕНАТА ЗАБАРАНА!

Лудиот и збунетиот пак стапија на сцена…

 

Tagged , , , , , , , , , ,